Регистрирајте се и гледајте одбрани серии без обврски!
ЗАЧУВАЈ ПОВЕЌЕ

УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ И ИЗЈАВА ЗА ПРИВАТНОСТ

Општи услови

Општите услови за користење и условите за продажба (понатаму во текстот: Услови за користење) ги пропишуваат условите и правилата за користење на интернет-страницата www.pickboxnow.com од крајните корисници и претставуваат правно обврзувачки договор помеѓу корисниците и компанијата PICKBOX d.o.o. и го уредуваат користењето на платформата PICKBOX NOW. Со користење на интернет-страницата www.pickboxnow.com корисниците ги прифаќаат Условите за користење.

 

За општите услови

„PICKBOX NOW“ е наплатна услуга за видео на барање (т.н. стриминг услуга), која на своите корисниците на доменот www.pickboxnow.com им овозможува гледање серии и филмови на барање (понатаму во текстот: серии и филмови).

 

„Видео на барање“ ја означува аудиовизуелната медиумска услуга којашто ја дава компанијата PICKBOX d.o.o за гледање програми во моментот што ќе го избере корисникот на свое индивидуално барање врз основа на каталогот на програми кои ги избира давателот на медиумските услуги.

 

Услугата „PICKBOX NOW“ е услуга што ја дава PICKBOX d.o.o со цел гледање серии и филмови, вклучувајќи ги сите обележја и функционалности на веб-страницата и корисничкиот интерфејс, како и целата содржина и софтверот поврзан со нашата услуга. Услугата се состои од стриминг услуги за пристап до сериите и филмовите, како и за спроведување финансиски трансакции.

 

„Правото на користење на интернет-страницата“ е лично и непреносливо право на крајниот корисник.

 

Крајниот корисник е лично одговорен за заштита на доверливоста на лозинките за пристап до услугата PICKBOX NOW. PICKBOX d.o.o не сноси одговорност ако корисникот неовластено и невистинито изврши пријавување во име на друго физичко или правно лице.

 

Ако судот утврди дека која било одредба на овие Услови за користење е незаконска, ништовна или неспроведлива од која било причина, тогаш таквата одредба се смета за одвоена од останатите одредби на Условите за користење и не влијае на валидноста и спроведливоста на кои било преостанати одредби.

 

Промена на Условите за користење и промена на услугите кои му се даваат на корисникот 

PICKBOX d.o.o. го задржува правото во кој било момент, и без претходно известување, да го укине или измени кој било од овде наведените Услови за користење. Продолжувањето на користењето на PICKBOX NOW по објавувањето на изменетите Услови за користење подразбира дека корисникот ги прифаќа изменетите Услови за користење.

 

PICKBOX d.o.o. го задржува правото во кој било момент да го измени или да укине кој било дел од своето работење, вклучувајќи ја содржината, времето на достапноста на содржината, опремата потребна за пристап или користењето на PICKBOX NOW.

 

Поставки за комуникација 

Со користење на услугата PICKBOX NOW прифаќате да примате електронски известувања поврзани со вашата корисничка сметка.

 

Електронските известувања вклучуваат: праќање мејлови на мејл-адресата којашто сте ја внеле во текот на регистрацијата, примање известувања за вашата сметка (на пр. авторизација на плаќањето, промената на лозинката или начинот на плаќање, мејл-потврди и други информации поврзани со трансакциите), примање билтени (newsletter) за новите функционалности и содржини на PICKBOX NOW, посебни понуди, промотивни известувања и прашалници за корисниците.

 

Ако повеќе не сакате да учествувате во одредена нетрансакциска комуникација, едноставно одјавете се од примање на известувања преку линкот достапен на дното на мејл-пораката или преку мејл-адресата info@pickboxnow.com.

 

Услугата PICKBOX NOW 

Услугата PICKBOX NOW редовно се ажурира, а ажурирањето вклучува и измени во содржината на понудата на филмови и серии.

 

Компанијата PICKBOX d.o.o. редовно тестира различни облици на својата услуга, вклучувајќи ја и својата веб-страница, кориснички интерфејси, нивоа на услуги, планови, промотивни обележја, достапност на серии и филмови, испорака и цени, а и го задржува правото да ве вклучиме или исклучиме од наведените тестови без најава.

 

Корисникот со ова прифаќа дека нема да архивира, презема (освен низ caching неопходен за лична употреба), репродуцира, дистрибуира, менува, прикажува, изведува, објавува, лиценцира, создава изведени дела, нуди за продажба или употреба (освен ако за тоа изречно не ве овластуваат овие Услови за користење) содржината и информациите содржани во услугата PICKBOX NOW или добиени од услугата PICKBOX NOW или преку неа, без изречно писмено одобрение на компанијата PICKBOX d.o.o.

 

Прифаќате дека нема да ја заобиколувате, отстраните, измените, деактивирате, деградирате или попречувате некоја од заштитите на содржините на сервисот PICKBOX NOW; да користите робот,

spider или scraper или друго автоматско средство за пристап до услугата; да декомпилирате, користите обратен инженеринг или расклопувате кој било софтвер или други производи или процеси достапни преку сервисот PICKBOX NOW, да вметнувате каков било код или производ, или да манипулирате со содржината на услугата на кој било начин, да користите рударење на податоци, собирање податоци или методи за извлекување.

 

Согласни сте дека нема да ставате на мрежата (upload), поставувате, да испраќате преку мејл или на друг начин да испраќате или пренесувате материјал наменет за прекинување, уништување или ограничување на функционалноста на кој било компјутерски софтвер, хардвер или телекомуникациска опрема поврзана со услугата PICKBOX NOW, вклучувајќи и компјутерски вируси или каков било друг компјутерски код, датотеки или програми.

 

Достапноста на сериите и филмовите за гледање е променлива, сериите и филмовите ќе заминуваат од понудата ако компанијата PICKBOX NOW повеќе ги нема правата за прикажување на одредена содржина, односно по истекот на т.н. Лиценца или интерна одлука на компанијата. Квалитетот на приказот на стримингот на сериите и филмовите може да се разликува од компјутер до компјутер и од уред до уред, а на него можат да влијаат различни фактори, како што се вашата географската локација, достапноста на пропусниот опсег (bandwidth) и/или брзината на вашата интернет-врска за што компанијата PICKBOX d.o.o. не е одговорна.

 

PICKBOX NOW стриминг софтверот е развиен од PICKBOX d.o.o. или за PICKBOX d.o.o. и е направен за да овозможи стриминг на содржините од страницата www.pickboxnow.com преку уредите. Овој софтвер може да се разликува во зависност од вашиот уред и медиум, а функционалностите можат да се разликуваат и во зависност од самиот уред.

 

ПРИФАЌАТЕ ДЕКА ЌЕ ПРИМАТЕ, БЕЗ ДОПОЛНИТЕЛНИ ИЗВЕСТУВАЊА ИЛИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА, АЖУРИРАНИ ВЕРЗИИ НА PICKBOX NOW И ПОВРЗАНИ СОФТВЕРИ ОД ТРЕТА СТРАНА. НЕ ПРЕЗЕМАМЕ ОДГОВОРНОСТ И НИТУ НА КОЈ БИЛО ДРУГ НАЧИН НЕ ГО ГАРАНТИРАМЕ ФУНКЦИОНИРАЊЕТО НА ТИЕ УРЕДИ, ВКЛУЧУВАЈЌИ ЈА И ТРАЈНАТА КОМПАТИБИЛНОСТ НА УРЕДОТ СО НАШАТА УСЛУГА.

 

Ако вашиот уред со услугата PICKBOX NOW е продаден, загубен или украден, ве молиме да го деактивирате. Ако не успеете да се одјавите или да го деактивирате вашиот уред, дополнителните корисници можат да пристапат до услугата PICKBOX NOW преку вашата сметка и можат да пристапат до одредени информации за вашата сметка.

 

 

Членство 

Членството се наплаќа. Посебните детали за видовите на членство на PICKBOX NOW се наоѓаат на веб-страницата www.pickboxnow.com во рубриката Поставки. Некои форми на промотивни членства и периоди може да бидат понудени од трети страни во согласност со одредбите на нивните производи и услуги. Компанијата PICKBOX d.o.o. не е одговорно за производите и услугите што ги нудат трети страни.

 

Компанијата PICKBOX d.o.o. го задржува правото за измена, прекин или коригирање на видот на членството.

 

ВИДОВИ ЧЛЕНСТВО

 

Видот на членството зависи од начинот на купување (еднократно или обновувачко) и должината на траењето на активацијата.

 

Еднократното членство е претплата со којашто корисникот добива можност за користење на услугата PICKBOX NOW на однапред избран период и трае до истекот на пакетот, т.е. до однапред избраниот период. По истекот на еднократното купување, услугата не се продолжува автоматски, туку корисникот треба повторно да ја активира.

 

Обновувачкото членство е претплата на услугата PICKBOX NOW којашто корисникот може да ја активира со кредитна картичка или со услугата PayPal, а којашто автоматски се продолжува секој месец со можност за откажување на услугата во кој било момент. Ако корисникот сака да го откаже обновувачкото купување, потребно е да се откаже на соодветното место. Со откажување на услугата PICKBOX NOW корисникот ја откажува услугата на која претходно се претплатил, но таа сè уште му е активна до датумот на истекот на услугата т.е. пакетот. Исто така, PICKBOX d.o.o. не е должен да ги врати веќе уплатените пари за обновувачкото купување по откажувањето на услугата, односно за месецот во кој услугата е откажана, бидејќи таа е активна до истекот на пакетот.

 

АКТИВНО ЧЛЕНСТВО/ПРЕСТАНОК НА АКТИВНО ЧЛЕНСТВО

 

Ако корисникот сака да ја користи услугата PICKBOX NOW, мора да исполнува услови, и тоа: а) да живее во подрачјето во коешто е понудена услугата PICKBOX NOW, б) мора да има 18 години или поголема возраст којашто е потребна за стекнување полнолетство во склад со законодавството на својата држава или подрачје. Лицата помлади од 18 години или малолетните лица можат да ја користат услугата PICKBOX NOW исклучиво со присуство на родител или старател, преку сметката на родителот или старателот и подлежат на овие Услови за користење, в) пристап до интернет.

 

Услугата PICKBOX NOW, како и сите содржини што се гледаат преку таа услуга, служат исклучиво за лична и некомерцијална употреба.

 

За време на траењето на членство во PICKBOX NOW, корисникот стекнува ограничена, неексклузивна, непренослива дозвола за пристап до услугата PICKBOX NOW и гледање на серии и филмови преку услугата која овозможува гледање во реално време (ексклузивна стриминг база за таа намена). Освен претходноспоменатата дозвола, ниедно право, како ни правото на сопственост или авторско право, не се пренесува на корисникот.

 

Во рамките на еден кориснички пакет можете да пријавите повеќе уреди, а истовремено можете да гледате 2, 3 или 4 (во зависност од купениот пакет) содржини од понудата.

 

За да го активира своето членство, корисникот мора да го уплати избраниот пакет за пристап до услугата PICKBOX NOW, со што добива пристап до сериите и филмовите на PICKBOX NOW.

 

Активното членство се продолжува со дополнително плаќање, а престанува по истекот на платениот период или со укинување на корисничката сметка.

 

Акциска продажба 

Компанијата PICKBOX d.o.o. може периодично да става одредени услуги на акциска продажба.

 

Сите услови за користење кои се содржани во посебните и акциските понуди и материјално се различни од општите Услови за користење, ќе му бидат дадени на увид на крајниот корисник при регистрацијата или на други начини за комуникација кои му се достапни. Акциските услуги можат да бидат достапни за сите корисници под истите услови, а можат да бидат достапни и за одредени корисници од точно определени групи под недискриминирачки услови.

 

Условите за акциска продажба ќе бидат детално опишани, особено траењето на акциската продажба, ограничување на количините, висината на попустот и сл. По истекот на рокот за акциска продажба, компанијата PICKBOX d.o.o. нема да прима нови нарачки за услуги под условите кои се однесуваат на акциската продажба.

 

Цени

Цените за услугата PICKBOX NOW се изразени во евра (ЕУР) за Република Хрватска, Република Словенија и Црна Гора. Цените се прикажуваат во конвертибилни марки (КМ) за Босна и Херцеговина, македонски денар (МКД) за Република Северна Македонија, српски динар (РСД) за Република Србија.

 

Цените се прикажани со вклучен ДДВ кога тоа е применливо и се конечни за купувачот и важат за сите начини на плаќање во моментот на купувањето.

 

Процесот на впишување на цените на страницата за секоја услуга е подложен на контрола на повеќе нивоа.

 

Во случај цената случајно да биде погрешно назначена, PICKBOX d.o.o. ќе биде принуден да ги извести корисниците за настанатата ситуација, погрешно изразената цена за одреден производ, како и за неможноста за испорака според конкретната нарачка на купувачот.

 

Конверзија на цените 

Конверзија на цените изразени во конвертибилни марки се спроведува во ЕУР дневно, по промената, според средниот курс на Хрватската народна банка. Конверзија на цените изразени во српски динар и во македонски денар се спроведуваат на почетокот на секој месец, според курсната листа што ја издава Хрватската народна банка.

 

Компанијата PICKBOX d.o.o не е одговорна за разликите во курсните листи кои ги користи матичната банка издавач на картичката на корисникот во однос на оние што ги користи компанијата PICKBOX d.o.o. и напоменува дека може да дојде до минимална промена на сумата којашто вистински е наплатена од корисничката картичка од страна на матичната банка издавач на картичката на корисникот.

 

При купувањето, цената може да отскокнува од огласената цена поради конверзиите или дополнителните надоместоци кои сервисите за купување ги наплаќаат за трансакциите извршени преку нив. Компанијата Pickbox d.o.o. не одговара за погоре наведеното и не може да ги предвиди таквите додатни трошоци. Пред самото плаќање, сервисот ќе го прикаже износот што има намера да го наплати, па корисникот секогаш може да се откаже од купувањето и да одлучи да плати на друг начин.

 

Начини на плаќање 

Плаќањето е можно со следниве кредитни картички: Diners, Visa и MasterCard.

 

  1. Плаќање преку услугата CorvusPay

 

За плаќањата преку услугата CorvusPay се применуваат општите услови на работење на Corvus достапни на следниов линк: https://www.corvuspay.com/en/terms-of-use-end-customers/#

  1. Плаќање преку услугата PayPal

 

За плаќањата преку услугата PayPal се применуваат општите услови на работење на PayPal достапни на следниов линк: https://www.paypal.com/hr/webapps/mpp/ua/useragreement-full

  1. Вирманско плаќање

 

Достапно е само за корисниците кои се наоѓаат на територијата на Република Хрватска. Таквите корисници на свое барање можат да побараат необврзувачка понуда со сите податоци потребни за уплата, вклучувајќи го и бројот на сметката на којашто треба да се уплати вредноста на нарачката. Откако уплатата ќе биде примена и евидентирана, компанијата PICKBOX d.o.o. на уплатувачот ќе му овозможи користење на нарачаната услуга.

 

ЗАБЕЛЕШКА: За вирманските уплати, услугата се испорачува/овозможува откако уплатата ќе биде прокнижена. Времето потребно за книжење зависи од условите за работа на банката на корисникот и банката на компанијата PICKBOX d.o.o.

 

При уплатата е исклучително важно да се внесе точно повикување на број, бидејќи само тој податок обезбедува навремена евиденција на уплатата и овозможува користење на услугата. Компанијата PICKBOX d.o.o. не е одговорна за неправилно активирање на услугата на купувачот во случај на погрешен внес на податоците за уплата назначени во понудата.

 

Издавање сметка 

Откако ќе се евидентира уплатата, компанијата PICKBOX d.o.o. ќе издаде соодветна сметка за платената услуга. Сметката ќе биде достапна/испратена до купувачот преку веб-продавницата или преку електронската пошта.

 

Издавање фактура во хартиена форма е можно исклучиво само со писмено барање на купувачот.

 

Во текот на контактот со компанијата PICKBOX d.o.o. околу издавање на сметката, корисникот треба да ја наведе својата мејл-адреса со којашто е регистриран за да може успешно да се идентификува корисничката сметка.

 

Лозинки и пристап до сметката 

Корисникот кој отворил сметка на услугата PICKBOX NOW и чија картичка или сметка се товари за плаќање, овде се наведува како сопственик на сметката. Сопственикот на сметката има пристап и контрола над сметката PICKBOX NOW. Сопственикот на сметката остварува контрола над сметката преку лозинката на сопственикот на сметката и на тој начин ја задржува целосната контрола. Сопственикот на сметката е должен да ја чува лозинката како тајна. Ако сопственикот на сметката сака да им забрани на други да контактираат со службата за корисници на PICKBOX NOW и потенцијално да ја менуваат контролата на сопственикот на сметката, сопственикот на сметката не смее да ги открие деталите за начинот на плаќање (на пр. последните четири бројки од неговата кредитна или дебитна картичка) поврзани со неговата сметка.

 

Сопственикот на сметката е одговорен за ажурирање и одржување на вистинитоста и точноста на информациите кои ѝ ги доставува на компанијата PICKBOX d.o.o., а кои се однесуваат на неговата сметка.

 

За да ви овозможиме поедноставен пристап до вашата сметка и да ви помогнеме да управувате со услугата PICKBOX NOW, PICKBOX NOW имплементира технологија која ни овозможува да ве препознаеме како сопственик на сметка и да ви дадеме директен пристап до вашата сметка, без потреба за повторно внесување на лозинката или други идентификатори на корисникот кога повторно ќе го посетите PICKBOX NOW, што вклучува пристап преку уредите на PICKBOX или веб-страницата.

 

СПОДЕЛУВАЈЌИ ЈА ЛОЗИНКАТА ЗА УСЛУГАТА PICKBOX NOW ИЛИ ДОЗВОЛУВАЈЌИ ИМ НА ДРУГИТЕ ПРИСТАП ДО НЕГОВАТА СМЕТКА, СОПСТВЕНИКОТ НА СМЕТКАТА ПОТВРДУВА ДЕКА ПРЕЗЕМА ОДГОВОРНОСТ ДЕКА ЧЛЕНОВИТЕ НА КОИ ИМ ДОЗВОЛИЛ ПРИСТАП ДО НЕГОВАТА СМЕТКА ЌЕ СЕ ОДНЕСУВААТ ВО СОГЛАСНОСТ СО УСЛОВИТЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ И ДЕКА СОПСТВЕНИКОТ НА СМЕТКАТА Е ОДГОВОРЕН ЗА ПОЧИТУВАЊЕ НА ОВИЕ УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ ОД СТРАНА НА ТАКВИ ТРЕТИ ЛИЦА.

 

Одрекување од гаранцијата и ограничување на одговорноста 

Крајниот корисник се согласува интернет-страницата www.pickboxnow.com да ја користи исклучиво на сопствена одговорност, така што компанијата PICKBOX d.o.o. не одговара:

 

(а) за последиците кои можат да настанат со користење на интернет-страницата www.pickboxnow.com,

 

(б) за точноста, веродостојноста или содржината на која било информација, услуга или стока дадена преку интернет-страницата www.pickboxnow.com.

 

PICKBOX d.o.o. не одговара за евентуалната штета која би настанала со користење на услугата PICKBOX NOW.

 

 

Компанијата PICKBOX d.o.o. може да го прекине деловниот однос, да го ограничи и укине користењето на услугата со кој било свој краен корисник во кој било момент без наведување на причините. Компанијата PICKBOX d.o.o. го задржува правото моментно да укине какви било лозинки или кориснички сметки на крајниот корисник во случај на какво било однесување на крајниот корисник коешто компанијата PICKBOX d.o.o., по сопствена дискрециона проценка, го смета за неприфатливо, како и во секој случај на непочитување на Условите за користење од страна на крајниот корисник и не одговара за каква било штета која со тоа би можела да му се нанесе на корисникот.

 

На условите на работењето и користењето на страницата www.pickboxnow.com, и на склучувањето договори на далечина преку средствата за далечинска комуникација се применуваат првенствено овде наведените Услови за користење, освен во случај ако договорните страни не се договорат поинаку.

 

На сите одредби кои не се уредени со овие Услови за користење се применуваат одредбите на важечкиот Закон за заштита на потрошувачите и Законот за облигациски односи.

 

Право на еднострано раскинување на договорот 

Корисникот може еднострано да го раскине Договорот, во рок од 14 дена по склучување на Договорот без наведување на причините. За да може корисникот да го оствари правото за еднострано раскинување на овој Договор, мора да го извести PICKBOX d.o.o. за својата одлука за еднострано раскинување на договорот пред истекот на рокот и тоа со недвосмислена изјава пратена преку пошта, или електронска пошта, во којашто ќе ги наведе своето име и презиме, адреса, број на телефон и адреса на електронска пошта, а може да го користи и приложениот примерок на образецот за едностран раскин на договорот.

 

Ако корисникот еднострано го раскине овој договор, PICKBOX d.o.o. без одлагање ќе изврши поврат на парите кои ги добил од корисникот, а најдоцна во рок од 14 дена по приемот на одлуката на корисникот за едностран раскин на Договорот. Повратот на пари ќе се изврши на истиот начин на којшто корисникот ја извршил уплатата.

 

Примерок од образецот за едностран раскин на договорот кој се наоѓа на нашата интернет-страница можете електронски да го пополните и да го испратите.

 

Потврдата за прием на известувањето за едностран раскин на Договорот ќе ви биде доставена, без одлагање, по електронска пошта.

 

НАЦРТ ОБРАЗЕЦ ЗА ЕДНОСТРАН РАСКИН НА ДОГОВОРОТ

 

Име, презиме и адреса на потрошувачот:___________________________________

 

Прима: PICKBOX d.o.o., Radnička cesta 52, 10000 Zagreb

 

е-пошта: ____________________, факс ____________________

 

Јас ________________________________________со ова изјавувам дека еднострано го раскинувам Договорот за давање на следнава услуга_______________

 

нарачана/примена на ден_______________.

 

Потпис на потрошувачот: _______________________________________

 

(само ако овој образец се пополнува на хартија)

 

Датум: ______________

 

Корисникот нема право на едностран раскин на договорот ако договорот за услуги е целосно исполнет од страна компанијата PICKBOX d.o.o., а исполнувањето започнало со изречна претходна согласност на корисникот и со негова потврда дека е запознаен со фактот дека ќе го загуби правото за едностран раскин на Договорот доколку услугата е целосно исполнета.

 

Корисникот нема право на едностран раскин на Договорот кога се работи за испорака на дигитална содржина која не е доставена на физички медиум, ако исполнувањето на Договорот започнало со претходна изречна согласност на корисникот, како и со негова потврда дека е запознаен со фактот дека со тоа ќе го загуби правото на едностран раскин на договорот.

 

Подароци и промоции 

Го задржуваме правото да понудиме подарок-претплата којашто може да се купи на нашите веб-страници. Од вашата картичка или сметка ќе бидат наплатени пари за секој купен подарок-претплата.

 

Промотивните кодови може да се искористат на нашата веб-страница. Промотивните кодови можат да се користат само еднаш и не можат да се заменат за пари, да се препродаваат или да се комбинираат со други понуди, вклучувајќи го и пробниот период.

 

Ако сте примиле промотивен код преку понуда од страна на трета личност, може да се применат дополнителни ограничувања во согласност со правилата за работење/општите услови на третото лице-понудувач.

 

Интелектуална сопственост и реални права 

Услугата PICKBOX NOW е приватна сопственост.

 

Сите материјали кои се наоѓаат на интернет страницата www.pickboxnow.com се исклучиво право на компанијата PICKBOX d.o.o. или се користат со изречно одобрение на носителот на авторските права,

патенти, деловни тајни, носител на правата заштитни знаци и/или на дизајнот.

 

КАКВО БИЛО КОПИРАЊЕ, ДИСТРИБУЦИЈА, ПРЕНОС, ОБЈАВУВАЊЕ, ПОВРЗУВАЊЕ, ДЛАБИНСКО ПОВРЗУВАЊЕ ИЛИ МЕНУВАЊЕ НА ДРУГ НАЧИН НА СОДРЖИНАТА НА ИНТЕРНЕТ-СТРАНИЦАТА БЕЗ ИЗРЕЧНО ПИСМЕНО ОДОБРЕНИЕ НА КОМПАНИЈАТА PICKBOX d.o.o. Е СТРОГО ЗАБРАНЕТО!

 

Интернет-страницата содржи материјали заштитени со авторско право, патенти, заштитен знак, деловна тајна, дизајн, како и со други информации кои се покриени со други права на физички или правни лица, вклучувајќи, но без ограничување на, текстуален софтвер, фотографии, видео материјали, графика, музика, звук, како и целата содржина на интернет-страницата www.pickboxnow.com, a во согласност со прописите на Република Хрватска.

 

Крајниот корисник не смее да ги менува, објавува, пренесува, учествува во преносот или продажбата, создава изведени дела, или на кој било начин да искористува која било содржина, во целост или делумно. Крајниот корисник може да ги преземе, отпечати и зачува материјалите заштитени со авторски права само за сопствена употреба. Не е дозволено копирање, редистрибуција, преработка, повторен пренос, издавање или комерцијално искористување на преземениот материјал без изречна писмена согласност од компанијата PICKBOX d.o.o. и носителот на авторското право.

 

Прекршувањето на Условите за користење може да доведе до поведување парнични и други постапки и/или до кривичен прогон против сторителот поради прекршување на авторските и други права на интелектуална сопственост.

 

Надлежност на судот, меродавно право и одговорност на корисникот 

Седиштето на компанијата PICKBOX d.o.o. е во Загреб, Република Хрватска. Во случај на каков било спор или барање, би сакале да ги решиме таквите спорови по мирен пат преку нашата корисничка поддршка.

 

За споровите кои можат да настанат како последица на користењето на интернет-страницата и на услугата PICKBOX NOW (освен ако не е поинаку наведено со посебен договор), надлежен е судот во Загреб и таквите спорови ќе се решаваат согласно позитивните прописи на Република Хрватска.

 

Со користењето на интернет-страницата и услугата PICKBOX NOW, крајниот корисник се согласува на тоа дека за кој било спор или барање произлезени од овие Услови за користење, или кој е во врска со овие Услови за користење, или во врска со нивното спроведување, надлежен е судот во Загреб, а меродавно е хрватското право.

 

Претходно наведените одредби не го прекршуваат вашето право на поднесување тужба во согласност на важечките одредби на Законот за заштита на потрош увачите.

 

Апликации 

Можете да се сретнете со апликации од трети страни, вклучувајќи, но без ограничување на, веб-страници, виџети (widget), софтвери или други софтверски алатки (понатаму во текстот „Апликации“) кои се поврзани со услугата PICKBOX NOW-.

 

Апликациите можат да преземаат податоци поврзани со вашата сметка на PICKBOX NOW и вашите активности и на друг начин да собираат податоци од вас. ТАКВИТЕ АПЛИКАЦИИ СЕ ВО СОПСТВЕНОСТ ИЛИ СО НИВ УПРАВУВААТ ТРЕТИ СТРАНИ КОИ НЕ СЕ ПОВРЗАНИ ИЛИ НЕ СЕ СПОНЗОРИРАНИ ОД СТРАНА НА КОМПАНИЈАТА PICKBOX d.o.o. КОРИСТЕТЕ ГИ АПЛИКАЦИИТЕ СПОРЕД СОПСТВЕНА ОДЛУКА И НА СОПСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ.

 

Користење на дадените информации 

PICKBOX d.o.o. го задржува правото да ги користи сите забелешки, информации, идеи, мислења, концепти или техники, или кој било друг материјал кој се наоѓа во која било комуникација што ни ја упатувате, вклучувајќи ги и одговорите на прашалниците или мислењата за услугата PICKBOX NOW, вклучувајќи ја и веб-страницата www.pickboxnow.com и корисничкиот интерфејс, без никаков надоместок, потврда или уплата за која било намена, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на, развој, производство и маркетинг на производи и создавање, измена или подобрување на услугата PICKBOX NOW.

 

Освен тоа, прифаќате да не барате никакви „морални права“ на повратните информации до мерка којашто е во согласност со применливиот закон на Република Хрватска.

 

Имајте предвид дека PICKBOX d.o.o. не прифаќа небарани материјали или идеи за серии и филмови и не е одговорен за сличностите на кој било дел од содржината или програмата на кој бил медиум со какви било материјали или идеи испратени до компанијата PICKBOX d.o.o. Ако ни испратите небарани материјали или идеи, тоа го правите свесни дека за тоа нема да добиете никаков дополнителен надомест и се откажувате од сите облици на побарувања кон PICKBOX d.o.o. и неговите поврзани компании за користење на тие материјали и идеи, дури и ако материјалите или идеите кои се користат се значително слични на материјалот или идејата што сте ја испратиле.

 

Корисничка поддршка 

Ако ви треба помош со вашата сметка, кликнете на FAQ (Често поставувани прашања). Таму ќе најдете одговори на често поставуваните прашања и информации за тоа како директно да контактирате со претставникот за корисничка поддршка.

 

За сите дополнителни прашања што нема да ги најдете во „Често поставувани прашања“, ве молиме да испратите барање до info@pickboxnow.com. Во случај на противречност помеѓу овие Услови за користење и информациите што сте ги добиле од Корисничката поддршка или од други делови на нашата веб-страница, предност имаат овие Услови за користење.

 

ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ – ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА PICKBOX 

PICKBOX d.o.o. компанија со ограничена одговорност со седиште во Загреб, Radnička cesta 52, ОИБ: 03331453241 (понатаму: PICKBOX) се обврзува да ги заштити вашите лични податоци во согласност со Општата регулатива за заштита на податоците, EC 2019/679 (GDPR).

PICKBOX d.o.o. ја препознава важноста на заштитата на приватноста, безбедноста и заштитата на податоците за корисниците на нашите услуги и на сите лица кои доаѓаат во контакт со нас и затоа нашата цел е да понудиме заштита за сите наши операции, како и да спроведеме доследни правилници и процедури.

 

Оваа изјава за заштита на приватноста ве информира за нашите практики за заштита и можностите за избор на начини, прибирање и користење на вашите податоци. Оваа изјава за заштита на приватноста се однесува на сите веб-страници на компанијата PICKBOX d.o.o., домените, услугите, апликациите и производите, како и на сите наши вработени.

 

Ве молиме повремено да ја проверувате Политиката за приватност – Политиката за заштита на личните податоци на PICKBOX d.o.o. (во натамошниот текст Политика за приватност), со оглед на можните промени кои ќе бидат прикажани на страницата.

 

Оваа Политика за приватност ја дефинира политиката на PICKBOX d.o.o. во однос на собирање, користење, откривање и пренос на вашите лични податоци. Со користење, посетување, или прегледување на PICKBOX NOW, вие ги прифаќате и се согласувате со нашите практики кон личните податоци опишани во продолжение.

 

Цел за собирање на лични податоци 

Личните податоци ги собираме пред сè поради обезбедување на давањето на бараната услуга и што поефикасен одговор на вашето барање.

 

Време на траење на Политиката за приватност 

Во моментот на доставување на вашите податоци, се согласувате на контакт со нас и на тој начин ни давате право да ги обработуваме вашите лични податоци во согласност со наведената цел. Заштитата на приватноста на вашите податоци е трајна.

 

Собирање на личните податоци 

Податоците кои ги собираме преку платформите како што се Google Analytics, Google AdWords, Facebook или Midas се анонимни, што значи дека не ги споредуваме личните податоци со другите параметри (на пр. вашето име и презиме со останатите податоци кои се однесуваат на користењето на нашите услуги). Со други зборови, колачињата преку кои ги собираме таквите податоци не содржат податоци по кои можат да ги идентификуваат корисниците. Во случај поставките на вашите конфигурации да се поставени на начин на кој одбивате собирање на некои податоци – податоците нема да бидат собрани и складирани (на пр. блокирање на колачиња). Во случај да сте ја одбрале оваа опција, не гарантираме оптимално корисничко искуство.

 

Го задржуваме правото да ја следиме вашата интеракција со нас и да собираме податоци кои се однесуваат на вас и на вашето користење на нашата услуга, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на, вашата онлајн активност, кореспонденција, уреди и информации за софтверот (на пр. оперативен систем или интернет пребарувач).

 

Податоците што ги собираме особено се:

 

Име и презиме, електронска адреса и/или телефонски број – податоците можеме да ги користиме само ако ги наведете сами (на пр. преку образецот за контакт или мејл),

 

Колачиња /cookies/pixels – автоматски ги собираме општите податоци како што се времето поминато на страниците, локацијата на корисникот, видот на уредот. Колачињата и пикселите (pixels) ги собираме преку Google Analytics, Google AdWords и/или платформата Facebook.

 

Податоците кои ги собираме ги користиме за:

 

Интерно генерирање извештаи – корисничкото искуство ни е важно и од таа причина постојано сакаме да ги унапредуваме нашите услуги,

 

За прилагодување на содржината – барање информации за локација или поставките на конфигурацијата за да го прилагодиме јазикот на интерфејсот и/или достапната содржина,

 

Маркетиншки активности – собраните податоци ги користиме со цел за рекламирање преку платформите/каналите за рекламирање како што се билтени (newsletter), Google AdWords, Google AdWords ремаркетинг, Facebook и Facebook ремаркетинг.

 

Во случај ако сакате вашите податоци да бидат исклучени од рекламната мрежа на Google или на Facebook, ве молиме да ги посетите сопствените кориснички профили на наведените платформи и да ги промените вашите поставки кои се однесуваат на рекламирање, рекламни активности и споделување на сопствени податоци.

 

Во случај да имате некакви прашања или сакате вашите податоци да бидат исклучени од нашата база на податоци (во случај кога тоа е можно) ве молиме да нѐ контактирате преку мејлот: info@pickboxnow.com.

 

Содржина на политиката за приватност 

Вашите лични податоци ги собираме и обработуваме во согласност со одредбите на Општата регулатива за заштита на податоци, EC 2019/679. Собраните податоци ќе ги чуваме на соодветен начин и ќе ја обезбедиме нивната доверливост. Собраните податоци нема да ги проследуваме на трети лица без ваша изречна дозвола.

 

Ги собираме само оние лични податоци кои ни се доставени доброволно. Не бараме од вас да ни ги испратите овие податоци за да ви овозможиме пристап до нашите страници и не бараме да откриете повеќе податоци отколку што навистина е потребно за да учествувате во некоја активност на нашите страници.

 

PICKBOX NOW нема да ви испраќа несакана пошта. PICKBOX d.o.o. не одговара за случајна грешка или грешка поради виша сила или други објективни околности со кои се предизвикува случајна повреда на гарантираната заштита на вашите податоци, но гарантира дека грешката ќе биде отстранета, доколку е можно, што е можно поскоро.

 

Не ги продаваме, не ги пренесуваме и не ги откриваме личните податоци што ги собираме никому надвор од PICKBOX d.o.o. без ваша дозвола, (освен податоците кои им се неопходни на деловните партнери за извршување/овозможување на услугата). Од ова се изземаат случаите во кои продавачот по валиден налог од овластените државни органи, во согласност со законот, е должен да поднесе или достави или да дозволи увид во личните податоци на купувачот.

 

PICKBOX d.o.o. ги собира личните податоци на купувачот само во онаа мерка во која се неопходни за исполнување на неговата обврска, за информации за нови и акциски производи, како и достава на промотивни материјали, унапредување на односите со клиентите, како и за проверка на другите податоци потребни за онлајн купување.

 

Купувачот има право да бара дополнување, исправка или измена на неточните лични податоци. PICKBOX d.o.o. редовно му дава можност на купувачот можност за избор во однос на употребата на неговите податоци, вклучувајќи ја и можноста за одлука дали сака или не, да се отстрани неговото име од списоците кои се користат за маркетиншки цели.

 

Тајност на податоците

 Сакаме јасно да истакнеме дека при посетите на овие страници вашите лични податоци остануваат тајни, освен ако не сакате доброволно да им ги откриете на други страни.

 

Податоци покриени со системот на политиката за приватност:

 

Име и презиме, датум на раѓање, адреса на живеење, електронска пошта, број на телефон и/или на факс, личен идентификациски број (ЛИБ), други податоци што ќе ги размените со нас, а изречно ќе нè известите дека сакате да останат тајни.

 

Безбедност на податоците 

Заради безбедноста на податоците на нашите сервери на глобалната мрежа, а и за да обезбедиме достапност на услугите за сите корисници, овој систем користи софтвер кој ги следи посетите на мрежата и ги препознава неовластените обиди за пренос или промена на податоците, како и оние кои можат да предизвикаат штета на некој друг начин.

 

Неовластени обиди за пренос или промена на податоците на оваа локација се строго забранети.

 

Контрола 

Секое лице има право на увид во својата збирка лични податоци, да бара пристап до своите лични податоци и да ги менува, право на исправка, заборавање, ограничување на обработка, приговор и пренос на податоци, како и во секое време смее да го откаже Одобрението за употреба на личните податоци, да бара промена на податоците или бришење од базата на податоци.

 

Тоа можете да го направите така што ќе испратите Барање до нашиот службеник за заштита на податоци преку мејл-адресата info@pickboxnow.com, во писмена форма или лично, со доаѓање на нашата адреса.

 

Употреба на колачиња (cookies) 

За да го олесниме прегледувањето на нашите интернет-страници, нашата сервери на глобалната мрежа можат да користат колачиња. Се работи за многу мали текстуални датотеки кои серверот ги поставува на компјутерот на корисникот со цел за следење на изборот на одделни јазични варијанти на нашите страници, како и кога се влегува во делови од страниците кои бараат внес на корисничко име и лозинка. Колачињата не можат да се користат за започнување на програма или поставување на вируси на вашиот компјутер. На нашите веб-страници потребно е да се прифатат или да се одбијат колачињата, па ако вашиот интернет-пребарувач е така поставен, постои можност за прегледување без употреба на колачиња.

 

Порака преку електронска пошта 

Кога ни испраќате електронска пошта (е-пошта) со лични податоци според кои можеме да ве идентификуваме, или преку е-пошта со прашање или коментар, или преку образецот кој ни го доставувате преку електронска пошта, ние овие податоци ги користиме со цел исполнување на вашите барања.

 

Линкови 

Правиме сѐ што е во наша моќ за да осигуриме дека сите пренасочувања од нашите интернет- страници упатуваат на интернет-страници кои не содржат илегална и/или штетна содржина. Меѓутоа, страниците и адресите на мрежата брзо се менуваат и не можеме секогаш да ја гарантираме содржината на секоја адреса на којашто ќе ве насочиме. Ако имате какви било прашања или недоумици за нашата Политика за приватност, или во врска со вашите искуства со оваа интернет адреса, ве молиме да ни се јавите.

 

Контактирајте нè 

Доколку имате некакви прашања поврзани со приватноста, ве молиме да го контактирате службеникот за заштита на податоци во PICKBOX d.o.o.:

Име и презиме на претставникот: Маријана Гредељ (Marijana Gredelj)

E-пошта: info@pickboxnow.com

Адреса: Radnička cesta 52, 10 000 Zagreb


Вчитување...