Теса од Урбервилови
Tess of the D'Urbervilles
Теса Урбервил живее скромен живот со своето семејство во изнајмена куќа во Весекс. Нема работа, животот во руралната средина е многу тежок, а перспективата е никаква и нема причина за оптимизам. Мајката Џоен е опортунистка и се обидува ќерка си по секоја цена да ја омажи за некој фин господин, кој целото семејство би го извлекол од финансиските проблеми и од никаквото секојдневие. Токму кога изгледа дека работите би можеле да тргнат на подобро, таткото на Теса дознава дека Урбервилови всушност се едни од последните потомци на поранешното познато благородничко семејство Урбервил.
Режисери: David Blair
Актери: Gemma Arterton , Eddie Redmayne , Ruth Jones