Регистрирајте се и гледајте одбрани серии без обврски!
ЗАЧУВАЈ ПОВЕЌЕ


Пет култни серии кои никако не смеете да ги заобиколите


Култните серии никогаш не се култни без причина, а во продолжение ви донесуваме пет кои и повеќе од заслужено го стекнаа својот легендарен статус.


Во долгиот, речиси деведесетгодишен период кој се протега од првите телевизиски преноси во Велика Британија (1936) до денес, снимени се навистина неверојатен број серии.

Сепак, има ретки меѓу нив, како, на пример, Ѕвездени патеки, кои помогнаа да се стандардизира жанрот на научна фантастика; на многумина омилените Сплетки кои во значителна мера го популаризираа уникатниот британски хумор или, од друга страна, Сопранови, кои своевремено докажаа дека и на малите екрани е можно да се прикаже голема мафијашка драма претходно „резервирана“ за големото платно, успеаја засекогаш да го променат светот на телевизијата и, во исто време, заслужено да се здобијат со култен статус.

Култните серии, а како што кажува и самиот епитет, се серии кои дефинитивно вреди да се гледаат повеќе од еднаш, особено ако по некој случај сте успеале да ги пропуштите.

За среќа, во двата случаи тука е вашиот верен стриминг сервис Pickbox NOW на кој во моментов ви се достапни одличните серии како...


1. Поаро (Agatha Christie's Poirot)


Како инаку да се започне списокот на култни серии освен со онаа во чие средиште се наоѓа еден од најдобрите детективи во филмската, телевизиската и книжевната историја, неповторливиот Белгиец со фамозни и внимателно обликувани мустаќи од кого (можеби!) е попозната само неговата авторка.

Се работи за, секако, славниот Херкул Поаро на британската „кралица на крими романи“ Агата Кристи, а кого со својата глума трајно го обележи Дејвид Сачет во истоимената криминалистика серија на Би-Би-Си во којашто сите вистински вљубеници во крими жанрот без сомнеж неизмерно ќе уживаат.






2. Момците од Медисон (Mad Men)


Драмската серија на АМЦ Момците од Медисон скоро веднаш по излегувањето на првата сезона во 2007 година почна да ги освојува срцата на публиката и на критиката, а како и не кога се работи за серија која изобилува со посебен својствен стил.

Покрај опасно шармантниот Џон Хам во улогата на главниот (анти)херој Дон Дрејпер, верно оживеаниот Њујорк од шеесеттите години на минатиот век, како и со интриги исполнетата рекламна агенција Стерлинг Купер, часови и часови на добра забава никако не можат да изостанат!





3. Убиствата во Мидсомер (Midsomer Murders)

Убиствата во Мидсомер (Midsomer Murders), прочуената британска драмска серија со криминалистички предзнак старее, десетлетијата покажаа, повеќе или помалку онака како што старее и доброто вино – грациозно, полека и примамливо.

Серијата, потекнувајќи од креативниот ум на наградуваната британска писателка, сценаристка и драматург Каролина Греам чиј романескен серијал послужи како почетна точка и инспирација, е една од оние серии кои се здобиваат со статус на евергрин, односно е една од оние серии на кои секогаш одново им се враќаме со радост. Обележана со позната и необично топла и пријатна атмосфера, добро погоден и малку мрачен хумор, како и, секако, возбудлив заплет, ова е класична серија покрај која деновите сепак ќе ви поминуваат малку побрзо.






4. Гордост и предрасуди (Pride and Prejudice)

Ако по некој случај посакувате бегство во нешто пооддалеченото и поромантично минато од Њујорк на шеесеттите години на минатиот век, нема да погрешите со Гордост и предрасуди, драмска мини серија и воедно верна адаптација на романот на големата Џејн Остин.

Вдахновена глума – особено онаа на Колин Фирт во улогата на добродушниот господин Дарси како и Џенифер Ел во улогата на одлучната Елизабет Бенет – високата продукциска вреднос и врвната режија, само се некои од причините поради кои сакаме секогаш одново да ѝ се враќаме на оваа екранизација на класичната љубовна приказна.






5. Фростовиот пристап (A Touch of Frost)

Конечно, тука е Фростовиот пристап, уште една криминалистичка серија со реномирано британско потекло со бескрајно симпатичниот Дејвид Џејсон (Делбој од веќе спомнатите Сплетки) во улога на главниот инспектор Фрост.

Благодарејќи ѝ на единствената комбинација на мистерија, хумор и драма обединети со необично релаксирачка, а сепак напната атмосфера, Фростовиот пристап е серија како создадена за уживање во сивите есенски вечери кои ни доаѓаат!








Вчитување...