Регистрирајте се и гледајте одбрани серии без обврски!
ЗАЧУВАЈ ПОВЕЌЕ


Најдобрите британски серии некогаш снимени


Британската телевизија секогаш се истакнувала со својата единственост и отсекогаш имала многу да понуди.


Од квалитетниот британски хумор до легендарните и култни крими серии како Поаро (Agatha Christie's Poirot)или моментно најпопуларната серија Долина на среќата (Happy Valley), Британците го задолжија светот на телевизијата и нивната целокупна содржина се цени како од страна на масовните фанови, така и од филмските критичари.

Од стриминг мегахитовите до британските најдобро чувани слатки тајни, во овој текст дознајте кои 10 (или дури и повеќе) британски серии да ги гледате во 2023 г., а сите овие најдобри британски серии, се достапни веднаш на стриминг сервисот Pickbox NOW.


10. Карен Пири – шармантно немодерна и харизматична детективка


Карен Пири е освежувачки нормална и шармантно немодерна млада жена. Иако не е дотерана или самоуверена, нејзиниот брз збор и досетливост ја прават импресивна детективка. Во главната улога е шкотската актерка Лорен Лајл (Туѓинка), а бидејќи серијата е заснована на романот “Далечно ехо”, на писателот Вал МекДермид, Лорен поминала долго време во откривање на својот лик со авторот на овој бестселер.

Карен добива задача повторно да ја отвори истрагата за убиство кое било тема на провокативен поткаст за вистинско злосторство. Кога во 1996 година тинејџерката Роси Даф е избодена на смрт, сомнежот паѓа на тројца пијани студенти кои го откриле нејзиното тело. И покрај сомнежите на полицијата, осомничените никогаш не се обвинети. Скоро 25 години подоцна, Карен Пири е одлучна да открие што се случило таа кобна ноќ. Кога Карен ќе ги открие недостатоците во почетната истрага, се наоѓа во судир со истите полицајци кои ја воделе првичната потрага по убиецот.






9. Фростовиот пристап (A Touch of Frost) – брилијантна долговечна серија


Една од брилијантните долговечни британски серии, Фростовиот пристап се заснова на романите на писателот Р. Д. Вингфилд.

Во главната улога е Дејвид Џејсон како Џек Фрост, искусен и вреден детектив кој често има проблеми со своите надредени. Фрост е многу епматичен детектив, а неговите таленти и сочувствителност се надополнети со чуден карактер – тој кришум им ги краде чаевите и кафињата на другите луѓе, немарно се облекува и многу е неуреден. Не сака да има работа со документација па често тој дел од работата наместо него мора да го одработат колегите. Никогаш не го користи полицискиот нотес за да ги запише доказите или информациите за случајот, тој ги бележи работите на различни хартивчиња кои ги наоѓа во џебот. Сепак, искуството на решавање злосторства со Џек Фрост е непроценливо!





8. Инспектор Грејс (Grace) – серија која ја обожаваат дури и членовите на кралското семејство

Инспектор Грејс е вистински детективски деликатес, за што сведочи фактот дека се заснова на фасцинантниот серијал романи на авторот Питер Џејмс, кои се преведени на 37 јазици, со продажба од преку 20 милиони примероци ширум светот. Во главната улога го гледаме популарниот британски актер Џон Сим (Туѓинци, Доктор Ху, Животот на Марс) како упорниот и вреден детектив Рој Грејс. Грејс го посветил својот живот на детективската работа, но неговата кариера моментно е најлошата можна фаза. Протеран е да се занимава со случаи кои се одамна заборавени, а исчезнувањето на неговата сакана сопруга Сенди и понатаму го прогонува.

По уште еден укор поради неговите неортодоксни методи, на Грејс му се заканува отказ. Сепак, со колегата детектив почнува да работи на случајот на исчезнат младоженец, успешен градежник кој има прекрасен живот. Со помош на инстинктите, сомничавоста и опсесивната природа, Грејс упорно се обидува да ја открие вистината, Интересен е фактот дека Камила, Војвотката од Конрвол, е голема обожавателка на детективот Грејс, така што изрази желба за мала улога во серијата.






7. Случајот на подморницата Виџил (Vigil) – колку одите подлабоко, толку станува потемно

Од авторот на британската серија Круна (The Crown) на Том Еџ и продуцентот на најгледаната британска серија На должност (Line of Duty) Сајмон Хит, ни доаѓа полициската крими серија Случајот на подморницата Виџил. Главната улога ја игра фантастичната британска актерка Сурејн Џонс (Скот и Бејли, Спаси ме), која критичарите ја оценија како навистина маестрална. Џонс ја игра улогата на детективката Ејми Силва која работи за шкотската полиција.

Дејството е сместено на фиктивната подморница ХМС Виџил која ѝ припаѓа на кралската морнарица. Таинственото исчезнувања на шкотски рибарски брод и смртта на нуклеарната подморница Трајдент ја доведува полицијата о судир со морнарицата и британските безбедносни служби. Со интелигентна мистерија, смрт, лезбијска љубовна приказна и завера во заднината на сè, серијата Случајот на подморницата Виџил е воодушевувачка серија на БиБиСи па не е чудно што ја освои и Еми за најдобра меѓународна драма.






6. Долина на среќата (Happy Valley) – една од најдобриот серии на 21-от век

Наградуваната крими серија ја освои наградата БАФТА за најдобра драмска серија, а рецензиите се толку позитивни што доби 100 проценти од оценките на критичарите на “Ротен Томејтос“. Гардијан ја вброи серијата на 11 место на првиот список на најдобри 100 серии во 21-от век, нарекувајќи ја “коректив на клишеизираните и често машки полициски серии“ и серија која “пулсира со трогателна реалност“.

По феноменалните прва и втора сезона, во третата сезона инспекторката Кетрин Кетвуд (Сара Ланкашир) открива остатоци од жртвата на гангстерско убиство. Оваа откритие започнува несреќна низа на настани кои ја доведуваат до Томи, татко на нејзиниот внук Рајан и силувач на нејзината покојна ќерка.






5. Шетланд – уникатна шкотска крими серија

Брилијантната шкотска крими серија Шетланд се одликува со феноменална глума и уникатен пристап кон крими сериите. Во главната улога е Даглас Хеншал, кој ја осови наградата БАФТА за најдобар актер. Хеншал ја игра улогата на Џими Перез, снаодлив и прониклив инспектор кој работи за шетландската полиција.

Дејството се одвива во шкотскиот архипелаг, а главното место на дејството е Шетланд, кој се одликува со уникатен пејзаж и единствен начин на живот. Полицискиот тим истражува злосторства кои се тесно поврзани со островската заедница. Во ова изолирано и понекогаш непријателски настроено окружување, полицискиот тим мора да најде креативни начини на полициската работа.







4. Младиот инспектор Морз (Endeavour) – совршено комплицирана и сликовито интересна мистерија

Кога почна да се прикажува, популарната детективска серија имаше повеќе од 6.5 милиони гледачи, а Гардијан пишува дека одлуката да се гледа оваа серија е повеќе од едноставна. Младиот инспектор Морз се истакнува како единствена детективска серија, а така пишува и Лос Анџелес Тајмс – “совршено комплицирана и сликовито интересна мистерија“.

Сместена во шеесеттите години на минатиот век, серијата го следи идниот инспектор Морз (Шон Еванс) во неговите рани години кога бил полицаец. Работејќи рамо до рамо со својот постар партнер Фред Турсдеј (Роџер Алам), Морз решава разни интересни случаи во Оксфорд.







3.Инспектор Ребус (Rebus) – мрзоволен детектив и единбуршки мистерии

Заснована на романите Инспектор Ребус на шкотскиот автор Ијан Ранкин, ова е крими серија за мрозоволен детектив и за фантастичните единбуршки мистерии. Главниот актер во првата сезона е Џон Хана, додека во другите три сезони улогата на Ребус ја презема Кен Стот, најпознат по улогата на џуџето Балин во трилогијата Хобит.

Детективот Џон Ребус е тежок пијаница, запуштен и женкар чија работа му е цел живот. Тој е најстариот и најискусен детектив во својата станица. Има таинствено минато за кое неговата партнерка Сиобан Кларк (Клер Прајс) повремено дознава врз основа на неговите разни коментари. Местото на дејството на оваа популарна серија е Еидинбург, а истрагите го водат детективот Џон Ребус низ древните убавини на Единбург, но и во неговите озлогласени населби.







2. Убиствата во Мидсомер (Midsomer Murders) – уште една култна британска серија

Оваа хит-серија според наградуваните детективски романи на Каролин Греам има обожаватели низ светот и сè уште привлекува нова публика, добра критика и актерски таленти. Наизглед идиличниот живот на англиското село во округот Мидсомер крие многу тајни, уцени, интриги, измами, прељуби, па и убиства, а главниот инспектор Барнаби треба да ги разоткрие сите. Преполна со питоми англиски пејзажи и злосторства кои ја замрзнуваат крвта во вените, Убиствата во Мидсомер е серија која секогаш ве повикува на уште едно гледање.






1. Поаро (Agatha Christie's Poirot) – класик кој ја обележи телевизијата

Најдобрите британски серии на сите времиња не можат да поминат без серијата за Поаро! Фиктивниот белгиски детектив е еден од најпознатите детективи на светот, а го создаде писателката Агата Кристи. Во популарната серија која се состои од вкупно 70 епизоди, Поаро го игра генијалниот актер Дејвид Сашет.

Тој го оствари најдобриот приказ на славниот Белгиец на Агата Кристи зашто со голем жар му се предал на истражувањето: ги прочитал сите романи, кратки приказни и дела во кои главен лик е Поаро, ја извлекувал секоја карактеристика и создал досие со кој би се гордеел и детективот на Кристи, опседнат со детали, уредност и логика. Најмногу благодарејќи му нему, милиони луѓе го засакаа или се вљубија во ексцентричниот детектив кој обожува фини пралини и нас сè ги цени малите сиви ќелии. Секоја епизода е адаптација на роман или кратка приказна на Агата Кристи, а Поаро е главниот детектив во истрагата на злосторството, најчесто убиство.






Освен сите овие британски серии кои влегоа во ТОП 10, Pickbox NOW нуди уште британски серии кои воопшто не се помалку важни! Напротив, тие се добро чувани слатки британски тајни, вистински крими деликатеси. Тоа е Инспекторката Реј (DI Ray), Сведок број 3 (Witness Number 3), Подобар пат (Better), Бившата жена (The Ex-Wife) и Ноќни повици (The Responder). А освен крими сериите, тука е и драмската серија Секс, дрога и ПР (The Flack) со Ана Паквин во главната улога.

Сите овие британски серии, од мега хитовите, до британските добро чувани тајни, може да се гледаат на Pickbox NOW! Затоа влезете во овој британски воз и уживајте во гледањето квалитетни британски серии.





Вчитување...