Регистрирајте се и гледајте одбрани серии без обврски!
ЗАЧУВАЈ ПОВЕЌЕ


Вистинити крими (true-crime) серии за случаи за кои не сте чуле, а од кои ќе ве полазат морници


Независно од тоа дали се работи за филмови, серии, поткасти или книги, true-crime (вистинит криминал) жанрот е единствен токму благодарејќи му на својот нефикциски квалитет.


Како што на тоа упатува веќе самиот негов назив, приказните на кои наидуваме во овој жанр се и случаи кои навистина некому му се случиле, а поради што секогаш се завиткани во еден додатен слој на морничавост која не нè напушта долго по консумирањето на true-crime содржините.

Сепак, недостатокот на фикција воедно претставува и причина поради која овој жанр е толку необично привлечен, а доколку и вие се вбројувате меѓу неговите љубители, ќе ве израдува одличната понуда на true-crime серии на стриминг сервисот Pickbox NOW! Серии какви што се...


Убиството на Улоф Палме (The Murder of Olof Palme)


Кога по посетата на киното Гранд сместено во самото срце на Стокхолм во придружба на сопругата Лизабет тргнал кон својот дом, Улоф Палме и не насетувал дека штотуку излезената комедија Браќата Моцарт на режисерката Сузана Остен ќе биде последниот филм што ќе го гледа во својот живот. Имено, една доста студена и сива вечер во февруари 1986 година, животот на двократниот шведски премиер и долгогодишен претседател на Шведската социјалдемократска партија ќе биде ненадејно прекинат од атентат кој ќе одекне низ светот.


Многу подоцна, после повеќе години поминати во собирање информации, како за самиот атентат, така и за најскапата полициска истрага во Шведска, Микаел Хилин ќе ја режира одличната документарна мини серија Убиството на Улоф Палме (Palme: The Murder Investigation) настојувајќи конечно да ги осветли околностите на бруталното убиство, како и многу мрачни аспекти од стокхолмското подземје, а којашто навистина би било штета да ја пропуштите!






Ноќниот посетител (The Night Caller)


Ноќниот посетител (The Night Caller), документарна мини серија од 2020 година, ја носи ужасната приказна за злогласниот сериски убиец кој во педесеттите и шеесеттите години од минатиот век го тероризирал градот Перт во западна Австралија.

Ерик Едгар Кук, попознат под прекарот Ноќниот посетител, во желба својата лична трагедија да ја претвори во туѓа, во текот на крвавиот поход извршил најмалку дваесет насилни злосторства од кои осум резултирале со непотребна смрт и неизбришливи лузни, тага и траума кои таа секогаш ги носи со себе.

Во вкупно четири продолженија режисерот Томас Мидмор одлучил да се посвети токму на мрачното наследство на овој сериски убиец, а за кое во оваа серија зборуваат лица кои му биле блиски на самиот Едгар Куку, а и оние кои им биле блиски на неговите несреќни жртви.

Истовремено длабоко емотивна, како и мачна и потресна, серијата Ноќниот посетител никако не би требало да се оцени како серија која се гледа со леснотија, но токму поради тоа и вреди да се погледне!





Богати и ослободени (Rich and Acquitted)

Богати и ослободени (Rich and Acquitted), документарна серија од 2016 година на режисерот Брент Заки, наместо со една поединечна вистинска приказна, се занимава со повеќе приказни и притоа го поставува прашањето дали славата и богатството понекогаш се навистина во состојба да ја купат слободата.

Истражувајќи ги познатите случаи како оној на О. Џ. Симпсон, некогашната легенда на американскиот фудбал, кој можеби ја убил, а можеби и не ја убил својата бивша сопруга Никол Браун и нејзиниот пријател Рон Голдман, или случајот на ексцентричниот музички продуцент Фил Спектор кој малку повеќе сакал да си игра со оружје, како и многу други; Богати и ослободени ни дава длабински увид во другата страна на гламурозниот свет до кој инаку немаме пристап, а поради што едноставно нема да можете да престанете да ја гледате!







Радикална приказна за Пети Херст (The Radical Story of Patty Hearst)

Неверојатната приказна во шест продолженија ја раскажува приказната за богатата наследничка Пети Херс која е грабната во 1974 година во Калифорнија. Внуката на Вилијам Рендолф Херст, човекот кој практично ги измисли таблоидите и создаде медиумска компанија која постои и денес, е грабната на 4 февруари 1974 година.

Грабнувањето во Беркли во Калифорнија стана катализатор на двегодишната драма којашто ќе ја преокупира нацијата. Повеќе од четириесет години подоцна, ова злосторство и правните случаи кои произлегле од него, оставиле повеќе прашања отколку одговори. Трансформацијата на Пети Херст од грабната наследничка во терористка е сага за бенефициите, славата и насилството кои ја за фатија нацијата. Повеќе од четириесет години подоцна, извештаите од прва рака ја расветлуваат една од најбизарните приказни во современата американска историја. Серијата истражува која е Пети Херст всушност: жртва или престапник?










Вчитување...